МАФИНИ СО КРУШИ: Есенски десерт кој е како создаден за убаво дружење со пријателите

popara8 ноември, 20241min00
105571_shutterstock-1511176964_f

Потребно е:

250 гр брашно
2 лажички цимет
2 лажички прашок за пециво
половина лажичка сода бикарбона
половина лажичка сол
2 јајца
170 гр мед
100 гр кокосово масло, стопено и изладено
160 мл јогурт
2 лажички екстракт од ванила
350 гр круши исечкани на коцки

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени. Калапот за мафини намачкајте го или обложете го со хартија за печење. Во сад измешајте брашно, цимет, прашок за пециво, сода бикарбона и сол. Исечкајте ги крушите и додадете ги во сувите состојки и измешајте. Посебно измешајте ги јајцата, медот, кокосовото масло, јогуртот и ванилата. Измешајте ги двете смеси и мешајте додека смесата не стане компактна. Распоредете ја смесата рамномерно во калапите. Печете ги мафините 5 минути, во рерна загреана на 220 степени, па намалете на 180 и печете уште 10 минути. Користете чепкалка за да проверите дали се готови. Извадете ги од рерна и оставете ги во калапот уште 10 минути. Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag