Веста дека актерката Меган Фокс (38) чека дете со контроверзниот музичар Машин Ган Кели (34) предизвика конфликтни реакции ширум светот, особено кај нејзините обожаватели.
Двојката е во турбулентна врска веќе четири години, со бројни прекини, а се вериле во 2022 година.
Актерката која е бремена со четвртото дете, вчера возела на настан со своето момче, но решила да не оди на забавата во Бар Мармонт, туку сакала да го чека во нивниот автомобил. Тоа би било нејзино прво појавување во јавноста откако објавија дека е во поинаква состојба, но сакаше што повеќе да се крие и да не привлекува премногу внимание.
Сепак, од друга страна со задоволство позира за социјалните мрежи. Така деновиве таа беше фотографирана во проѕирен, црн комплет од тантела со исечоци на „незгодни“ места.
Интимните делови ги покри со длабок црн градник и соодветни гаќички.
Иако порано често ја менуваше бојата на косата, а беше и руса и црвена, сега го врати природниот изглед и е бринета.
Исто така, таа имаше црни чизми на нозете, а многумина тврдеа дека изгледа прекрасно.
На фотографиите кои ги објави доби многу позитивни коментари, а само еден од нив беше дека е „мајка божица“.