Состојки:
2 чаши (200 ml) брашно
2 чаши шеќер
2 чаши вода
1 лажица масло
1 лажичка сода бикарбона
5 лажици џем од сливи
За фил:
150 гр чоколадо за готвење
4 лажици масло
3 супени лажици џем
Подготовка:
Во сад измешајте брашно, шеќер, сода бикарбона. Посебно измешајте ги џемот, маслото и водата. Соединете ги сите состојки и истурете ги во подмачкана тава. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. Кога колачот ќе се излади премачкајте го со џем. Одозгора ставете ја чоколадната глазура која сте ја стопиле со масло.