Руперт Мурдок (93) во саботата се ожени со својата нова сопруга Елена Жукова (67), пензиониран руски биолог, јавува Би-би-си.
Наводно, младенците почнале да се забавуваат откако неговата свршувачка со Ен Лесли Смит ненадејно завршила во април 2023 година.
Руперт Мурдок, роден во Австралија, има шест деца и е почесен претседател на News Corporation, која е сопственик на Fox News, Wall Street Journal, The Sun и Times.
Тој минатата година се повлече од функцијата претседател на Fox and News Corp, оставајќи го неговиот син Лахлан да раководи со двете компании, пишува BBC.
Мурдок и Жукова се запознале на забава организирана од една од неговите поранешни сопруги, Венди Данг, претприемач со кинеско потекло.
Тој претходно беше во брак со австралиската стјуардеса Патриша Букер, потоа со новинарката родена во Шкотска, Ана Ман и американската актерка Џери Хол.
Жукова претходно беше во брак со рускиот нафтен милијардер Александар Жуков.
Нивната ќерка Даша е поранешна сопруга на рускиот олигарх Роман Абрамович.