Мелеми за изгореници од сонце! Помогнете и на вашата кожа со некои од намирниците од кујната

popara19 август, 20241min00
Screenshot_14

Метеоролозите постојано препорачуваат за опасноста од УВ-зрачењето, но многумина и понатаму уживаат на плажите без соодветна заштита. Последица се изгорениците на телото. Што потоа?

 

 

 

 

Домат

 

Доматот има антиоксиданси кои спречуваат инфекции на површината на оштетаната кожа од сонцето. Испасирајте домат и смесата нанесете ја на изгореницата, а потоа оставете ја половина час.

 

Краставица

 

Маската од краставица се користи за сувата кожа на лицето бидејќи ја стимулира циркулацијата и природно ја обновува кожата. Краставиците се добро решение и за изгорениците од сонцето. Нанесете парчиња краставица на кожата и оставете ги 15-20 минути.

 

Јогурт

 

Ова е познат метод за намалување на изгорениците од сонцето бидејќи ги ублажува симптомите како печењето. Нанесете јогурт на критичните зони и оставете го 15-на минути.

 

Јаболков оцет

 

Јаболковиот оцет ги отстранува штетните бактерии од површината на кожата. Измешајте половина литар студена вода и половина шолја јаболков оцет, а тоа нанесете го на изгорениците и оставете го 15 минути.

 

Компир

 

Компирот е познат природен лек за „извлекување“ на температурата. Овој зеленчук делува и како природен анелгетик. Излупениот компир нанесете го на кожата и оставете го барем 20 минути.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag