Мерил Стрип ќе добие уште една „Златна палма“ во Кан

popara5 мај, 20244min00
meril-strip3-830x0

Актерката Мерил Стрип ќе добие ново признание. Овој пат тоа е почесната „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал, каде што ќе биде почесен гостин.

Оваа информација ја потврдија од Кан.

„Мерил Стрип, почесна гостинка на 77. филмски фестивал во Кан. Прославената личност на американската кинематографија, Мерил Стрип ќе го отвори фестивалот за време на церемонијата што ќе се одржи во вторник, 14 мај во Гранд театарот Лумиер.

„35 години откако ја освои наградата за најдобра женска улога во филмот „Un cri dans la nuit“, кој до ден денес и остана единствен настап на Канскиот фестивал, американската актерка ќе се врати на Кроазета како што сонуваше. По Жан Моро, Марк Белокио, Кетрин Денев, Жан-Пјер Лео, Џејн Фонда, Анже Варда, Форест Витакер и Џоди Фостер, почесната Златна палма по овој повод ќе ја добие Мерил Стрип“, се вели во објавата на Канскиот филмски фестивал.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag