Мет Лебланк снимен во ретко излегување со ќерка му Марина која никогаш не сме ја виделе во јавноста, а заради која се одрече од славата

popara2 ноември, 20241min00
m_35631646_1280

Американскиот актер и ѕвезда на култната серија „Пријатели“ Мет Лебланк (57) во последните години е виден само неколку пати, живее далеку од очите на јавноста затоа што се повлече по смртта на неговиот драг колега Метју Пери, но тоа е не е прв пат да се одлучи на ваков потег.

Актерот еднаш одлучи да живее далеку од рефлекторите поради ќерката Марина Перл Лебланк (20) со која по долго време деновиве беше виден во Лос Анџелес. Тие се снимени во продавница за автомобили, каде гледаат модели погодни за неа, пишува Дејли Меил.

image

Марина е единственото дете на Мет, а тој ја имаше со поранешната сопруга, американската актерка Мелиса Мекниг (59) со која беше во брак од 2003 до 2006 година. Недолго по раѓањето на нивната ќерка, морале да се соочат со вести кои не им се допаднале – на девојчето и била дијагностицирана кортикална мозочна дисплазија на возраст од само осум месеци. Родителите сфатиле дека нешто не е во ред кога се обидела да ползи, но таа продолжила да паѓа на левата страна и почнала да има епилептични напади. После тоа, Мет се повлече од актерскиот свет и реши да се посвети на грижата за својата ќерка. По три години брак се разведе од Мелиса, а во 2011 година целосно исчезна од очите на јавноста.

image

„Не знам дали тоа беше болеста на ќерка ми или фактот дека бев премногу фокусиран на работата, но почувствував дека сум изгорен и ми треба време да се дистанцирам. Му се јавив на агентот и му реков да го заборави мојот телефонски број. Неколку години целосно се откажав, имаше моменти кога се чувствував како да имам нервен слом. Ѝ беше дијагностициран проблем со мозокот на ќерка ми, но за среќа успеавме да го надминеме тоа.“

image

На Марина денес и оди добро, а за разлика од повеќето деца на познати родители, таа нема отворен профил на социјалните мрежи, а актерот секогаш ја држел подалеку од очите на јавноста. На црвениот тепих ја однесе само еднаш и тоа пред точно десет години, во неколку наврати беа фотографирани од папараците и до сега не можеа да се најдат нејзини понови фотографии.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag