Мик Џегер имаше посебен придружник со него на Олимпијадата во Париз во 2024 година.
Во саботата, на 27 јули, легендарниот пејач на Ролинг Стоунс, кој штотуку наполни 81 година, беше виден како седи на трибините со својот седумгодишен син Девер, додека заедно гледаа мечување.
Мик Џегер, кој штотуку го прослави својот роденден еден ден претходно, беше многу внимателен кон својот син, разговарајќи со него додека го гледаа натпреварот.
Пред да замине на Олимписките игри во Париз со наследникот, познатиот заводник дувал 81 свеќа од тортата во присуство на неговата избраничка Мелани Хемрик,која е 44 години помлада.
Фронтменот на рок групата Ролинг Стоунс има вкупно осум деца, а неговиот најмлад наследник Девер е помлад од внуците на Џегер.
Во своите помлади денови тој беше повеќе посветен на својата блескава кариера отколку на семејството, а денес, во домот што го изгради со Мелани Хемрик, Мик води идиличен живот посветен на сопругата и детето.
Легендарниот рокер ја воодушеви јавноста кога во саботата се појави на трибините на мечот за мечување во „градот на светлината“ со седумгодишниот Девер.
Минатата недела Мик Џегер го прослави својот 81 роденден со девојката Мелани Хемрик и нивниот син Девер, кој го добија во 2016 година.
На фотографиите што ги сподели Хемрик на Инстаграм како дел од роденденската честитка, Деви може да се види како го држи својот татко за рака зад сцената на концертот.
На уште една симпатична фотографија, тричленото семејство заедно се насмевнува надвор од ботаничката градина во Атланта. Девер слатко се смешкаше во селфи аголот покрај нејговите родители.,
View this post on Instagram
– Среќен роденден, љубов! Те сакаме – напишала Мелани под објавата, со емотикони од срца.
Мелани и Мик се запознале во февруари 2014 година во Јапонија, зад сцената на концертот на Ролинг Стоунс. Нивната врска се претвори во романтична врска во јуни истата година.
Голема бура во јавноста предизвика фактот што Хемрикова (37) е дури 44 години помлада од Џегер (81) и 17 години помлада од најстарата ќерка Карис (54). Сепак, тоа не ја спречи славната двојка да има љубов која трае до денес, 10 години подоцна.