Мини тексас здолниште идеално за летните ноќи: Ања Тејлор-Џој совршено го комбинира со винтиџ кошула

popara20 мај, 20241min00
25032

Во моментов е во тек Канскиот филмски фестивал, а покрај кинематографските достигнувања, светот ја следи и модната изјава на ѕвездите на црвениот тепих. Покрај раскошните вечерни креации, силен акцент е и на уличниот стил, каде што се истакна младата актерка Ања Тејлор-Џој, која се појавува во новиот филм „Furiosa: A Mad Max Saga“, а моментално е во Франција.

Anya Taylor-Joy u Cannesu

Покрај тоа што воодушеви за премиерата на филмот во креација на Диор со кристали и прекрасен накит по нарачка со потпис на Tiffany & Co., таа реши да го привлече вниманието со други појави и аутфити кои ги менува неколку пати на ден.

Anya Taylor-Joy u Cannesu

Една од најлежерните беше онаа каде во преден план е краткото тексас здолниште AG x Alexa Chung Kety со копчиња, со кое носеше блуза Damson Madder со нагласена јака и винтиџ ефект. За целосен впечаток, тука се наочарите cat-eye Bottega Veneta Angle, моментално многу популарна форма и металик салонки MM6 Maison Margiela, уште еден голем актуелен тренд.

AG-WQ11_V1.jpg

Актерката на тој начин го претстави совршениот изглед кој можеме да го носиме за разни пригоди, а е многу сладок, винтиџ и едноставен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma