Мијалникот ќе блесне како нов: Трикот е во една неочекувана состојка

popara29 јули, 20241min00

Една мајка покажа колку е лесно вашиот стар мијалник повторно да заблеска користејќи само неколку основни состојки што веќе ги имате во домаќинството.

 

 

 

 

Овој неверојатен трик таа го сподели на TikTok. Толку е брз и лесен за правење што дури ви предлага да го направите додека „чекате да се зготви вечерата“.

 

Наместо употреба на силни хемикалии, методот на оваа мајка од Австралија вклучува употреба на сода бикарбона, оцет, лимон за дезинфекција на местото, а потоа, внимавајте сега – масло за бебиња за одржување на сјајот.

 

Тиктокерката покрај видеото напиша: „Можете да го направите тоа толку лесно додека чекате да ви се зготви вечера“, и додаде: „Длабоко исчистете го мијалникот користејќи природни производи што веќе ги имате“.

 

Паметната мајка прво истури сода бикарбона во отворот за мијалникот пред да го избрише местото со сунѓер. Потоа одозгора истури алкохолен оцет за да ги дезинфицира и убие бактериите кои би можеле да демнат од мијалникот.

 

По миењето со вода употреби половина лимон за да го истрие местото за дополнително да ја дезинфицира површината.

 

И за мијалникот да изгледа одлично, намачка масло за бебиња во и околу областа – и конечно блесна.

@mama_mila_

So easy you can do it while waiting for your dinner to cook #LetsCook #cleaning #cleaningtips #springcleaning #tipsandtricks #learnontiktok #kitchen

♬ Break My Heart – Dua Lipa

Таа тврди дека маслото за бебиња со недели ќе го одржува вашиот мијалник сјаен, па нема да морате редовно да го правите ова.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag