Многумина не ја препознаа: Зендаја го отфрли гламурот и скокна во лежерен стајлинг

popara29 јули, 20241min00
Зендаја

По низата блескави црвени теписи и ексклузивни настани, Зендаја се одмора од центарот на вниманието. Таа го замени Холивуд за Западен Лондон, го отфрли гламурот некое време и скокна во секојдневна облека.

По долго време Зендаја не промовира ниту една филмска серија или некакво платено партнерство.Холивуд го замени со Лондон
Наместо тоа, актерката ужива во слободното време во западен Лондон, каде живее со момчето Том Холанд.

Двојката беше видена како ужива во вообичаените работи, како што се јадење пица во локалните гастро-пабови, шетање со своите кучиња во Ричмонд парк и пазарење во супермаркет.

Оваа година Зендаја покажа некои од највпечатливите креации и беше апсолутен владетел на бројните црвени теписи. Така, благодарение на филмот „Предизвикувачи“, во светот на модата лансираше нов моден правец со облека инспирирана од тениската естетика. Но, една од најпознатите жени во светот го отфрли целиот тој гламур и ја прифати секојдневната лежерност. Секако, таа тоа го направи со многу стил.


Таа беше фотографирана додека ги разгледува тезгите  во Нотинг Хил , облечена во маичка на прерамки од Agolde, панталони од Beare Park, мрежести балетанки Bottega Veneta и мала чанта од Louis Vuitton. Изгледаше одлично, иако многу фанови не ја препознаа на прв поглед.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma