Можете ли да се стоите во оваа поза десет секунди? Ако не, време е да се загрижите

popara4 март, 20241min00
One,Leg,Stand,Static,Balance,Test

Луѓето кои не можат да застанат во одредена положба повеќе од десет секунди имаат двојно поголем ризик од прерана смрт.Истражувањето објавено од BMJ покажа дека луѓето кои не можат да стојат повеќе од десет секунди имаат двојно поголем ризик од прерана смрт.

Учесниците во истражувањето имале задача да направат едноставна вежба која вклучува подигање на едната нога додека ги држат двете раце блиску до телото, а оние кои не можеле да ја држат оваа позиција најмалку десет секунди имале 84 отсто поголеми шанси за смрт од оние што можеле.

 

Причината за тешкотиите во одржувањето на рамнотежата може да биде губење на мускулната маса, што ги става постарите луѓе на зголемен ризик од паѓање.

Луѓето над 70 години имаат најмногу проблеми со рамнотежата
„Нашето истражување покажува дека неможноста да се заврши овој тест од десет секунди кај постарите учесници е поврзана со поголем ризик од смртност и пократок животен век“, пишува BMJ.

Image

Истражувачите проучувале 1.702 мажи и жени на возраст од 51 до 75 години. Од нив, 348 не можеле успешно да застанат на една нога десет секунди, главно постари од 70 години и оние кои имале прекумерна тежина или имале дијабетес.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma