Успешниот спортист сега отворено проговори за Тејлор.
– Таа е многу самосвесна. И мислам дека затоа навистина почнав да се заљубувам во неа. Таа е толку искрена со пријателите и семејството – ја започна приказната Келси за Barstool Sports.
Келси тогаш се сети на првиот натпревар на кој присуствуваше Тејлор и беше воодушевен што таа немала безбедносни барања поради нејзината голема популарност, туку сакала да го гледа натпреварот со сите.
– Навистина ме освои со тоа.
Двајцата ја потврдија својата романса во октомври 2023 година, кога излегоа држејќи се за рака.
View this post on Instagram
– Никој не знаеше што се случува. Некако го задржавме меѓу нас колку што можевме. Но, кога таа дојде на натпреварот, тоа очигледно тргна од таму.
Тој призна дека сака „работите да останат во тајност“, но како што вели:
– Не сум тука да кријам ништо… таа ми е девојка, таа е моја дама и јас сум горд на тоа – изјави Тревис во едно интервју.