„Мона Лиза“ на Леонардо наскоро ќе добие нов дом – и тоа во подрум

popara2 мај, 20241min00
m_33254775_1280

Еден од најпознатите музеи во светот, Лувр, се подготвува за реновирање во кое ремек-делото на Леонардо да Винчи ќе биде преместено на нова локација. Мона Лиза моментално се наоѓа во крилото на Денон и ќе биде преместена во посебна комора во подрумот на музејот. Целта на овој потег е да се намали разочарувањето на посетителите поради долгите редици пред ова иконично дело.

Реновирањето на музејот ќе им овозможи на посетителите да го заобиколат познатиот влез на стаклена пирамида и да додадат две подземни влезни точки – едната за Мона Лиза, а другата за привремени изложби.

„Ние не ги пречекуваме добро посетителите во оваа просторија, па веруваме дека не си ја вршиме работата како што треба. Со преместување на Мона Лиза во посебна просторија, би било можно да се стави крај на разочарувањето на јавноста“, рече Лоренс де Карс, директорката на Лувр, која пристигна на оваа позиција во 2021 година и стана првата жена која раководи со еден од најпознатите музеи во светот. Таа додаде дека реставрацијата ќе им овозможи на гостите да имаат попријатно доживување при гледањето други дела кои се чуваат во близина на Мона Лиза, како што е „Свадбата во Кана“ на Паоло Веронезе, за која таа вели дека е прикриена со стапови за селфи.

image

Најпознатото дело на Леонардо да Винчи, кое ја отсликува италијанската благородничка Лиза дел Џокондо, дневно го посетуваат околу 30.000 посетители, а времето на чекање може да биде и два часа. Заштитено е зад непробојно и антирефлективно стакло кое освен што ја одржува температурата и влажноста, не овозможува најдобро доживување при гледањето, поради што многумина се жалат дека е „најразочарувачкото ремек дело на светот“, додека други се жалат дека ги засенува другите вредни уметнички дела.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag