Моника Белучи, една од најубавите жени на светот, се појави на филмскиот фестивал во Сан Себастијан, Шпанија со својот партнер, познатиот режисер Тим Бартон.
Италијанската актерка (59) и 66-годишниот режисер размениле нежности и се држеле за рака пред фотографите и публиката, а во еден момент таа го бакнала во образ.
Актерката се појави во црно боди од тантела и oversized одело. Бартон се поклопи со нејзиниот моден стил и избра темен костум и темна кошула, со црна капа и очила за сонце, пишува Индекс.
„Го сакам Тим“
Да потсетиме, парот се запозна пред 16 години, а врската официјално ја потврдија во октомври минатата година, кога се појавија на Римскиот филмски фестивал фатени за рака.
„Пред се, мило ми е што го запознав овој човек. Тоа е една од оние средби што ретко се случуваат во животот… Го познавам како личност, го сакам, а сега ќе се сретнам и со режисерот. Авантурата започнува. Го сакам и многу го почитувам“, изјави таа во интервју за француски Elle.
Во меѓувреме, Моника, која ќе го прослави својот 60-ти роденден на 30 септември, глуми во новото продолжение на Бартон „Beetlejuice“, заедно со Џена Ортега, Мајкл Китон и Винона Рајдер.