Морков – зеленчук кој го штити видот и срцето, но и го намалува нивото на холестерол во крвта

popara8 мај, 20241min00
Screenshot_5

Свежо цедениот сок од моркови ќе направи чуда за вашиот организам

 

 

Воведете го морковот во секојдневната исхрана и вашето тело ќе ви биде благодарно. Еве што сè ќе направи овој моќен зеленчук за вашето здравје!

 

  1. Го чува здравјето на кожата

 

Сокот од моркови е одличен за вашата кожа благодарение на бета-каротенот, лутеинот и ликопенот. Бета-каротенот ги намалува воспалителните процеси и помага за побрзо заздравување на раните. Со зачестена консумација на овој суперздрав нектар ќе забележите дека вашата кожа станува поубава и поблескава, а брчките помалку нагласени, бидејќи морковот е одличен антиејџ-сојузник!

 

  1. Го подобрува видот и го штити здравјето на очите

 

Бета-каротенот, лутеинот и зеаксантинот од сокот од морков се вистински сојузници за здравјето на вашите очи, кои го подобруваат и вашиот ноќен вид. Бета-каротенот во телото се претвора во витамин А, кој е пресуден за здравјето на очите и добриот вид, дури и во позрели години. Благодарение на лутеинот, со редовното консумирање на овој сок се намалува ризикот од катаракта и макуларна дегенерација, кои сè почесто ја погодуваат постарата популација.

 

  1. Го намалува ризикот од срцеви болести и мозочен удар

 

Со секојдневна консумација на една чаша сок од моркови, значително ќе го намалите оксидативниот стрес, како и ризикот од срцеви болести и мозочен удар. Сокот од моркови исто така го намалува таканаречениот лош холестерол, кој се поврзува со срцевите заболувања, а истовремено го поттикнува производството на жолчка, што е клучно за варењето на мастите. Едно истражување покажало дека зголеменото внесување морков во организмот може значително да го намали ризикот од срцев удар.

 

  1. Превенција на разни форми на рак

 

Со зачестена консумација на морков и сок од морков, може да се спречат некои облици на рак, како леукемија, рак на простатата, јајчниците и дојките. Каротеноидите, особено бета-каротенот, дејствуваат во организмот така што ги спречуваат оштетувањата на ДНК-та, мутациите во клетките и воспалителните процеси. На тој начин пружаат силна заштита од карцином.

 

  1. Го чува здравјето на мозокот и снажноста на неговите функции

 

Сокот од моркови придонесува и за работата на мозокот, ја подобрува меморијата и когнитивните функции. Морковот го намалува оксидативниот стрес во мозокот и на тој начин го спречува ослабувањето на сигналите што ги испраќаат нервите. Ако сакате значително да го намалите ризикот од деменција и Алцхајмерова болест, редовно пијте сок од моркови.

 

  1. Придонесува за здравјето на усната празнина

 

Нутриентите од морковот го зајакнуваат имунитетот и дејствуваат против штетните бактерии и токсини што се насобираат во непцата и во усната празнина. И неговите минерали имаат силно антибактериско дејство. Исто така, ако испиете сок од моркови веднаш по оброк, ќе го спречите насобирањето камен на забите. Благодарение на изобилството на влакна, сокот од моркови ќе ја подобри и вашата дигестија, а ќе елиминира и некои штетни бактерии од дигестивниот систем.

 

  1. Одличен избор е за трудници и бебиња!

 

Сокот од моркови е одличен избор за консумирање за време и по бременоста, затоа што содржи калиум, калциум, фолати, магнезиум и, секако, витамин А. Калциумот ги зајакнува коските на бебињата, а фолатите го намалуваат ризикот од дегенеративни нарушувања во развојот на фетусот. Витамините А и Ц од морковот им помагаат и на мајките и на бебињата да развијат силен имунитет и да бидат поотпорни на инфекции.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag