Навика на повеќето возачи која може да биде опасна

popara15 август, 20241min00
A,Young,Happy,Stylish,Smiling,Man,In,Glasses,Driving,A

Многу возачи кои немаат клима возат со отворени прозорци на топло време. Сепак, оваа навика може да биде штетна по здравјето.

Возењето со отворени прозорци ги загадува белите дробови и ја валка внатрешноста на автомобилот. Во автомобилот полесно влегуваат песок, ситни камења, полен и прашина, а тоа може да биде поттик за појава на симптоми на алергија.

Ако возите по главните патишта со отворени прозорци, ќе соберете до 45 проценти од загадувањето што вообичаено би го собрале за 24 часа.

Ако имате клима уред и ги спуштате прозорците затоа што се надевате дека ќе заштедите пари, имаме лоши вести.

„Работењето на клима уредот додека возите е всушност поефикасно и поекономично во споредба со возењето со спуштени прозорци“, рече Дејвид Бенет, експерт за поправка на автомобилска климатизација на Американската автомобилска асоцијација (ААА).

Можеби не сте знаеле дека полицијата може да ве казни ако не ги затворите прозорците на автомобилот. Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата вели дека, пред да го напушти возилото, возачот мора да ги преземе сите мерки за да спречи автомобилот да тргне самостојно или да го запалат други лица.

Ова вклучува исклучување на моторот, заклучување на возилото, земање на клучот, но и затворање на прозорците. Ако не го направите тоа, ризикувате казна од 30 евра, па размислете следниот пат пред да одлучите да го оставите автомобилот да „проветри“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag