На листата на работи кои најмногу ги иритираат продавачите е оставањето на производите на погрешни места, особено кога станува збор за замрзната храна како сладолед или зеленчук…
„Ако не би ги блокирале луѓето на тротоарите или на автопатот, не правете го тоа во супермаркет со вашата количка“, забележува Ник Лејтон, американски експерт за бонтон и водител на подкастот Were You Raised by Wolves:
„Не блокирајте премини, не застанувајте наеднаш или ненадејно не го менувајте правецот. Имајте ги на ум „правилата на патот“ и држете се надесно“, вели Дајан Готсман, авторка на Modern Etiquette for a Better Life, и забележува дека во продавницата никогаш не треба да отвораме пакувања за да мириснеме, вкусиме или провериме што има внатре.
Таа, исто така, предупредува дека секој има различна перцепција за личниот простор, па не е во ред да дувате во нечиј врат додека чекате во ред – а не е учтиво ниту да туркате туѓи инвалидски колички.
“Влези во редот”
На листата на работи кои најмногу ги иритираат продавачите е оставањето на производите на погрешни места, особено кога станува збор за замрзната храна како сладолед или зеленчук. На социјалните мрежи, има многу мислења за тоа што најмногу ги нервира во продавница, па се вели дека една од најдосадните навики е редењето на каса, исто како и споменатото непочитување на туѓиот личен простор.
Член на форумот Sweetshart пишува дека го излудува кога луѓето оставаат работи на касата, а потоа одат да земат нешто што заборавиле и ги оставаат другите да чекаат. Покрај тоа, некои од навиките на купувачите навистина им одат на нерви на продавачите.
Полошо од крадење…
„Работам во супермаркет. Во ред е ако муштериите прават неред на полиците. Во ред е ако луѓето го блокираат ходникот со своите колички, колку и да е глупаво понекогаш. Дали некој скршил нешто или истурил нешто? Нема проблем , се случуваат глупави работи и затоа имаме чистачи. Најсебичното нешто што го гледам е кога клиентите оставаат замрзнати или разладени предмети на полиците. Не можам да верувам дека некој може да биде толку мрзлив. Не го сакате тоа сирење или замрзната пица? Во ред, само вратете го во замрзнувач. Не ми е гајле дали ќе ја најдам замрзнатата пица кај сладоледот, се додека е смрзната. Изладените работи на погрешно место прават полошо отколку да ги украдат – ќе се расипат и ќе мора да фрлиме совршено добра храна“, пишува Горгаши.
Некои членови на форумот се прашуваат зошто луѓето не подготвуваат пари однапред, додека продавачите ги скенираат нивните производи. „Зошто луѓето да чекаат кога можете да го избегнете тоа“, коментираат тие. Ги нервираат и колички оставени на паркингот, децата што дивеат во продавницата, како и луѓето што јадат и пијат храна и пијалоци од продавницата пред да платат за нив.