Серијата „Шогун“ (Shogun) во продукција на FXP е прогласена за најдобра во категоријата најдобра драмска серија на телевизиските награди Еми.
На свеченоста во неделата вечер во Лос Анџелес, „Шогун“ е серијата која освои најмногу награди – 18.
Меѓу нив се и наградите за најдобра актерка и најдобар актер, кои отидоа во рацете на Ана Сава и Хиројуки Санада.
„Hacks“ што се емитува на HBO е прогласена за најдобра комедија на годината.
Серијата „Baby Reindeer“ е уште еден победник на вечерта во категоријата ТВ-проект „ограничена серија“.
Џин Смарт ја доби наградата за најдобра главна женска улога во комедија (Hacks), додека честа во машка категорија му припадна на Џереми Ален Вајт (The Bear).
Американските Еми награди се доделуваат за најдобри телевизиски остварувања и се сметаат за еквивалент на престижните Оскари.