НАМАЛЕТЕ ГО ЛОШИОТ ХОЛЕСТЕРОЛ! Нутриционист открива намирници кои ќе ви помогнат во тоа!

popara28 март, 20241min00
Screenshot_9

Холестеролот по хемискиот состав е монохидроксилен, цикличен алкохол, и постојат две врсти – оној што се создава во организмот, ендоген, и егзоген – кој се внесува преку храната. Неговата улога е исклучително важна во создавањето на жолчните киселини кои имаат улога во варење и во искористување на мастите во организмот.

 

 

 

Клучно е да се знае дека лошиот ЛДЛ-холестерол, кој е главен виновник за затнување на артериите, е потребно да се намалува, додека истовремено е пожелно да се повиши нивото на добриот, ХДЛ-холестерол, кој заштитува од оваа појава. Доколку во крвта имаме повеќе добар холестерол, нашите артерии се сигурни.

 

Во тој поглед, исхраната е многу важна, и со добра организација и план можеме да спречиме создавање лош и да овозможиме подигање на добриот холестерол.

 

Иако е врежано мислењето дека највкусната храна – како што се шунка, јајца, кајмак, не смееме да ја јадеме, тоа не е секогаш точно. Доколку на своја рака ги исклучиме од менито намирниците со поголем процент на масти, на нашето тело му негираме некои од најважните состојки за нашето здравје.

 

Покачувањето на нивото на холестеролот во крвта поради консумирање храна богата со холестерол зависи од човек до човек, што е и научно докажано. Имено, група испитаници во своето секојдневно мени вклучиле јајца и путер, а резултатите од истражувањето покажале дека до пораст на холестеролот во крвта дошло кај помал број на луѓе, што зборува дека не реагираат сите еднакво на ист стимуланс.

 

Всушност, доколку јадеме повеќе храна со холестерол, црниот дроб автоматски исфрлува помалку холестерол во крвта, така што нивото на мастите останува исто или незначително покачено, но премногу вакви намирници можат да доведат до други проблеми, како што е создавање крвни тромбови.

 

Исто така, ако не ја јадеме споменатата храна подолго време, многу лесно може да се случи недостиг на холин во организмот, што доведува до оштетување на црниот дроб. Холин е витамин од Б-групата, концентриран во храна богата со холестерол, и доколку не го консумираме во доволно количество, ризикуваме појава на Алцхајмерова болест.

 

Всушност, за покачување на лошиот холестерол придонесува количеството на внесените јаглехидрати, како што се индустриски слатки, сокови со додаток на шеќер, газирани пијалаци, па нив треба да ги замениме со добри и здрави јаглехидрати, како што се мешунки, тестенини од цело зрно, овошје…

 

Што да јадеме за да избегнеме собирање лош холестерол?

 

Препорачливо е да се јадат житарки богати со растворливи влакна, како што се овес и јачмен.

 

Рибата е одлична против лошиот холестерол, а тука спаѓаат лосос, скуша, туна и сардини.

 

Се советува умерено консумирање омега-6 масни киселини, кои најчесто се наоѓаат во растителни пченкарни масла и во масло од шафран, а маргаринот неопходно треба да се замени со путер.

 

Експертите истакнуваат да се користи маслиново масло, повремено да се пие чаша црно вино по ручек, а да се избегнуваат жестоки алкохолни пијалаци.

 

Свежо овошје и зеленчук се исто така препорачливи против холестерол, додека, пак, шитаки-печурки, морски алги и зелен чај се добредојдени како превенција.

 

Месото може да се користи без ограничувања, под услов да се избираат делови без премногу маснотии.

 

Слободно можат да се најдат на менито и помрсни сирења, јајца и путер за појадок, имајќи предвид дека јадењето на овие намирници во утринските часови придонесува за создавање на добриот холестерол.

 

Со редовно консумирање на следниве намирници, за кратко време ќе можете да се ослободите од лошиот холестерол:

 

Риба – освен што успешно го решава проблемот со покачен холестерол, богата е со омега-3 масни киселини и делотворна е во случај на болести на срце и на деменција.

 

Овес – благодарение на магичната состојка бетаглукан, овесот спречува лошиот холестерол да се задржи во крвта.

 

Грав – само пола филџан грав во вариво може да го намали нивото на холестеролот дури за 8%.

 

Чоколадо – темно чоколадо, со висок процент на какао, во голема мера придонесува за покачување на добриот холестерол.

 

Маслиново масло – наместо заситените маснотии од путерот, употребата на незаситените маснотии од маслиновото масло е одлична за вашето срце и за вашата става.

 

Црвено вино – повремено консумирање чаша црвено вино богато со антиоксиданти драстично го намалува нивото на ЛДЛ-холестеролот.

 

Авокадо – мононезаситените киселини, присутни во ова тропско овошје, ќе ги намалат нивото на ЛДЛ и ќе го покачат нивото на ХДЛ-холестеролот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag