Доколку сакате да избегнувате хемикалии во вашата домашна хигиена и да ги перете алиштата на еколошки начин, ви ја откриваме совршената замена за омекнувач. Еве 2 состојки кои прават одлична алтернатива:
1. Оцет – Освен што го користите при подготовка на храна, оцетот е една од водечките состојки за чистење на домот, особено ако го комбинирате со сода бикарбона. Со оцет можете да ја исчистите бањата, да ги отстраните дамките од пеглата, микробрановата, фрижидерот, но сега можете да го користите и како омекнувач. Се препорачува да користите јаболков оцет и дестилиран бел оцет. Истурете не повеќе од 3 лажици оцет во преградата за омекнувач, со оваа доза алиштата нема да се чувствуваат како оцет, а ќе бидат неверојатно меки и кадифени.
2. Етерични масла – Доколку користите омекнувач исклучиво поради мирисот, и овде има природна варијанта. Мирисни, нежни и опојни, есенцијалните масла се користат во козметиката, масажата и освежувањето на просторот, а нивните прекрасни мирисни ноти може да се апсорбираат и со перење. Измешајте 2-3 лажици есенцијално масло по ваш избор со 2 чаши оцет. Добро измешајте ја смесата, за да можете да ја користите како класичен омекнувач и истурете ја во машината за перење, но и како спреј со кој ќе ја испрскате веќе испраната облека. За свеж мирис, препорачуваме есенцијално масло од еукалиптус и нане; ако сакате вашите алишта да мирисаат како да сте ставиле парфем, ставете бадемово масло или есенцијално масло од бергамот, додека лавандата ќе мириса чисто и нежно.