Намирници богати со железо: Ја зајакнуваат крвната слика и спречуваат анемија

popara6 ноември, 20241min00
Screenshot_13

Станува збор за есенцијални нутриенти, што значи дека во организмот треба да се внесуваат по пат на храна.

 

 

 

Дали некогаш ви се случило одеднаш да останете без здив и срцето да почне да ви чука брзо? Дали луѓето ви кажуваат дека сте бледи на лицето? Сето тоа значи дека во вашето тело има недостаток на важен минерал – железо.

 

При недостаток на железо, ткивата и органите не се доволно снабдени со кислород, па доаѓа до хипоксија.

 

Железото е минерал кој во организмот има важна улога, а главната се однесува на пренесување на кислород низ организмот и произведување на црвени крвни зрнца.

 

Вообичаено дневно треба да се внесува од 10 до 20 милиграми железо во организмот, но од тоа се апсорбираат само 10 отсто во телото.

 

Намирници богати со железо:

 

  1. Спанаќ

Спанаќот е природен извор на минерали, витамини и растителни влакна. Богат е со фитонутриенти, особено бета-каротен и лутеин кои го прават зеленчук богат со антиоксиданти кои го штитат организмот.

 

  1. Јаткасти плодови

Освен што се исклучително вкусни, тие всушност се ризница на здравје. Богати се со здрави масти, изобилуваат со витамини и минерали, а меѓу нив и железо кое го имаат во голема количина.

 

  1. Мисиркино месо

Ова месо е богато со триптофан, есенцијална киселина која е важна за нашето тело и поттикнува произведување на два важни невротрансмитери – хормонот на среќа серотонин и мелатонин, пресуден за правилен сон.

 

  1. Рукола

Како и другиот зелен зеленчук и руколата изобилува со железо, но за разлика од спанаќот содржи високо ниво на оксална киселина, па железото од неа многу полесно се апсорбира во телото.

 

  1. Брокула

Овој зеленчук содржи голема количина на витамин Ц кој помага при апсорбирање на железо. Брокулата содржи и растителни влакна, ниацин, магнезиум, калиум и омега 3 масни киселини, познати како чувари на срцето.

 

  1. Суви кајсии

Сувите кајсии, како и другите видови овошја се преполни со хранливи состојки. Освен вода и масти, содржат белковини, растителни влакна, витамини, минерали и шеќери. Богати се и со железо и витамин Ц.

 

  1. Темно чоколадо

Консумирањето на темно чоколадо чија основна состојка е какаото, не само што ќе ја задоволи потребата за слатко, туку и на организмот ќе му даде значајна количина на железо.

 

  1. Семки од тиква

Семките од тиква се ризница на витамини, минерали, протеини и антиоксиданти. Во тиквата се наоѓаат витамини од Б групата, витамини Д, А, Ц, Е и витамин К кои се неопходни за здравјето на кожата, коските, мускулите и крвта.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag