Доколку проблемите со здравјето на кожата ги има подолго време, строго препорачливо е консултирање со лекар.
Со надеж за здрава и негувана кожа, луѓето секојдневно се мачкаат со хидратантни креми и лосиони. Но, честопати се заборава една многу важна работа – храната што има големо влијание врз изгледот и здравјето на самата кожа. Дури и малите промени во исхраната може да ги зголемат шансите за почиста и поздрава кожа.
– Како што некои видови храна можат да го влошат здравјето на нашата кожа, некои други можат да го подобрат или барем да ублажат некои од непријатните состојби, објаснува диететичарката Каролина Шнајдер.
Храната богата со цинк, како што се семки од тиква, леќа, грав и индиски ореви, се добри за кожата и помагаат да се регулира лачењето маснотии и да се намали некое воспаление. Цинкот од храната може да биде особено корисен за лекување неурамнотежени хормони коишто ја иритираат кожата, а игра улога и во контролата на маснотии преку намалување на количината на андрогени што може да придонесат за појава на акни и мрсна кожа.
И промената на бојата и лузните на кожата може да се спречат со храната што се јаде – особено онаа богата со антиоксиданси, протеини и витамин Ц – боровинки, малини, кељ, спанаќ, брокула и моркови. Следат пет намирници вообичаено препорачани од дерматолозите.
Масна риба
– Лососот и сардините се преполни со антиинфламаторни соединенија… Омега-3 масните киселини играат важна улога во одржувањето на липидната бариера на кожата, којашто може да биде клучна за хидратација и заштита од штетни влијанија. Без разлика дали е во салата или бавно печена со брокула како прилог, мрсната риба е одлична храна за постигнување чиста кожа, вели диететичарката Холидеј Дурам.
Домати
Не се само што се вкусни, туку јадењето домати може да ја подобри текстурата на кожата, вели дерматологот д-р Макрене Алексијадес. – Се покажа дека ликопенот што се наоѓа во доматите, ја подобрува текстурата и квалитетот на кожата, додаде таа.
Иако телото е подложно на оксидативен стрес, познат и како антиоксидативен дисбаланс, ликопенот може да ги намали физичките несакани влијанија и да го подобри целокупното здравје на кожата.
Јаткасти плодови
– Оревите се богати со омега-3 масни киселини и цинк – и двете (состојки) клучни за здравјето на кожата… Омега-3 може да помогне во одржувањето на бариерата за влажна кожата, а цинкот е важен за заздравување (обновување) на кожата, вели Дурам.
Советот гласи: Додадете грст ореви во појадокот, ручекот или вечерата и гледајте како текстурата на Вашата кожа станува помазна со текот на времето.
Пиперки
Во организмот има големо количество колаген, а во комбинација со храна богата со витамин Ц може да придонесеме за негово зголемување. Чаша сечкани пиперки има повеќе витамин Ц отколку што ни е потребно за нашите дневни потреби, а според Шнајдер, тоа е само дел од придобивките.
– Каротеноидите во пиперките, како што е бета-каротинот, исто така, помагаат во заштитата од оштетување од Сонцето, одржувајќи ја кожата здрава и жива, објасни таа.
Семки од сончоглед
– Тие се полни со витамин Е – моќен антиоксиданс којшто може да ја заштити кожата од оштетување, од надворешни влијанија и да го поддржи заздравувањето и обновувањето, вели Дурам.
Може да се внесува ситно овошје сирово, печено или вметнато во храната.
Дополнителни совети за постигнување чиста кожа
Хидратацијата, т.е. хранењето на кожата со вода е еден од најефикасните начини за постигнување чиста и здрава кожа.
– Пиењето повеќе вода помага да се задржи кожата хидрирана и да се исфрлат токсините. Додека ги вклучувате вкусните намирници наведени погоре во вашата исхрана, не заборавајте да пиете вода. А, покрај водата, зелениот чај е уште еден хидратантен пијалак којшто помага да се намали црвенилото, воспалението и да се зајакне бариерата на Вашата кожа, појасни Шнајдер.
Д-р Алексијадес ја истакнува и благотворноста на зеленчукот, согласно сезоната. – На пр., уживајте во свежи бобинки налето, а зиме одлучете се за зеленчук како спанаќ и кељ, истакна таа.
Избегнувајте прекумерен внос на млечни производи
Постигнувањето чиста кожа не значи целосно исклучување на млекото и млечните производи, но намалувањето може да помогне да се избегне хормонална нерамнотежа (којашто придонесува за појава на акни, црвенило, итн.). Покрај тоа, млечните производи содржат големи количини јаглени хидрати што можат да ги иритираат лојните жлезди на кожата.
Останете доследни и знајте кога да побарате помош
– Трпението е доблест, а да се остане доследен е важен принцип што треба да се има на ум додека редовно јадете храна која ќе ѝ помогне на Вашата кожа да блесне. Влијанието на храната врз здравјето на кожата се постепени и долгорочни, објасни Дурам.
Последниот совет: Доколку проблемите со здравјето на кожата ги има подолго време, строго препорачливо е консултирање со лекар. (МИА)