Намирници кои градат мускули: Имаат повеќе протеини од јајцата

popara13 јуни, 20241min00
Screenshot_3

Ако прашајте било кој од читателите кое е најдоброто гориво за градење на мускулите, тие со сигурност ќе ви кажат пилешко или говедско месо. Или двете. И, ќе бидат во право. Но, кога со месеци се храните според мени план за градење на мускулите, дури и најсочното месо почнува да ја губи својата ,,привлечност,,. Една успешна диета се базира на разновидност. Поради тоа пронајдовме пет намирници кои сигурно ги имате подзаборавено во полза на уште еден сладок компир. Додадете ги на вашата следна шопинг листа и добијте поголеми мускули.

 

 

 

 

ГЕВРЕЦИ

Наполнете ги со пилешко од скара, иако вашиот сендвич по тренинг не е перфектен додека и технички не стане сендвич. Замената на белиот леб со геврек е се што е потребно за да се додадат дополнителни 6 гр. протеини – да не ги спомнуваме 2гр. шеќер што ќе ги скратите од вашите дневни јагленохидрати. Бидете поздрави за да кревате полесно тежини.

 

ЗРНА ОД МЛАДА СОЈА

Сојата која се наоѓа во овие зрна ја зголемува мускулната маса и ги ослободува своите протеини побавно отколку што е тоа случај со сурутката, според списанието Experimental Biology. Хранењето на вашите мускули подолго со оваа соја ја намалува болката од вежбањето која се јавува следниот ден, помагајќи ви многу брзо да се вратите во форма.

 

АСПАРАГУС

Протеините во овие зелени џинови се вистински помагатели во градењето на мускулите. Во себе содржи огромни количини на Д-аспартанска киселина, за која едно истражување спроведено од страна на списанието Reproductive Biology & Endocrinology вели дека ги зголемува нивоата на тестостерон во организмот за 42%. Испечете го на скара и користете го за да им додадете гориво за раст на мускулите.

 

ШКОЛКИ

Освен што го зголемуваат либидото, оваа морска храна со своите 33 гр. цинк во себе се одлични за зголемување на силата. Токму тоа го има докажано истражувањето спроведено од списанието Journal of Exercise Physiology, во која се вели дека дополнителното количество на цинк во школките ја зголемува силата дури за 15%.

 

ЈАБОЛКА

Се вели дека едно јаболко на ден го држи докторот подалеку од вашиот дом, но сигурно не сте знаеле дека токму кората од јаболкото е корисна за градење на поголеми бицепси. Јаболките се богати со урсолна киселина, соединение кое ја зголемува скелетната мускулна маса и исотвремено ја зголемува и вашата издржливост. Со еден збор, секојдневното консумирање на ова овошје му дава ново значење на терминот централна сила.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag