Маѓепсуваше со вонземската убавина, а потоа покажа премногу – на мегдан излезе долната облека на легендарната манекенка.
Познатата манекенка Наоми Кембел се појави на моден настан посветен на нејзината кариера и достигнувања, во музејот Викторија и Алберт во Лондон. Таа се претстави во британската престолнина во две модни изданија, нејзиниот волшебен моден стил е секогаш задоволство за љубителите на модата, како и нејзината единствена убавина и фигура.
Првото модно издание на Наоми Кембел беше бел фустан со длабоко деколте и висок шлиц. Во еден момент облеката „незгодно“ се помести и ѕирнаа нејзините гаќички, но манекенката брзо ја реши ситуацијата и во неколку наврати се погрижи истата ситуација да не се повтори.
На нејзиниот прв монохроматски стајлинг се надоврза златното модно издание – ризичен фустан со светки и најголемо можно деколте до папокот.
Со оваа тоалета, Наоми Кембел искомбинира салонки во истата боја, златна чанта и познатите пилотски очила, кои ги носеше како максимален шик детаљ на гламурозниот и заводлив аутфит.