Манекенката Наоми Кембел беше фотографирана од папараците на Ибица додека ужива на луксузна јахта со своето друштво.
54-годишната девојка ја покажа својата витка линија во сребрен костим за капење. Изгледот го комплетираше со соодветен накит, очила и марама на главата.
Потсетуваме, манекенката неодамна потврди дека добила син и ќерка со помош на сурогат мајка.
Во интервју за Тајм, познатата манекенка откри дека никогаш не ни барала маж со кој ќе има деца.
Првото дете го доби во 2021 година, кога имаше 50 години, а потоа позираше со неа за насловната страница на Вог. Манекенката повторно ја шокираше јавноста кога ненадејно го објави раѓањето на своето второ дете во 2023 година.
Таа претходно призна дека нејзините деца не се посвоени, но сега појасни дека не е ниту бремена. Таа истакнува дека нејзините деца се нејзиниот главен приоритет и поради тоа се плаши за својата иднина. Наоми објаснила и дека никогаш не барала татко за своите деца и дека е среќна што е самохрана мајка.