Направете Болоњезе сос по рецепт на најпознатиот италијански готвач! Тајната е во една состојка (ВИДЕО)

popara28 мај, 20241min00
Тестенини со болоњезе сос

Болоњезе сос е класика на италијанската кујна, која има своја официјална верзија. Конталдо го збогатил со една состојка и постигнал совршен вкус.
Болоњезе сосот потекнува од италијанскиот регион Емилија Ромања и е познат низ целиот свет. Меѓутоа, овој сос често се прави погрешно, со премногу домати или се служи со шпагети.

Сосот болоњезе, имено, најдобро го впиваат таљателите, а може да се користи и при подготовка на лазањи.

Познатиот готвач Џенаро Конталдо го прави овој сос од концентрат од домати, со додаток на црвено вино и нагласува дека се готви долго време на тивок оган.

Состојки:

маслиново масло 50 мл
путер 25 гр
кромид 1
целер 1 стебленце
морков 1
панцета 150 гр
мелено говедско месо 200 гр
мелено свинско месо 200 гр
црвено вино 200 мл
концентрат од домати 2 лажички
пилешка супа 200 мл
таљатели 400 гр

Подготовка:
Во тава загрејте ги маслиновото масло и путерот, додадете ги кромидот, целерот, морковот и панцетата и динстајте ги на тивок оган околу 10 минути додека да омекне кромидот.

Додадете го месото и добро пропржете го.

Зголемете ја температурата, додадете го виното и оставете да испари.

Доматното пире разредете го со 100 мл бистра пилешка супа, па измешајте го во месото.

Намалете ја топлината, покријте го тенџерето со капак и гответе го болоњез сосот на тивок оган најмалку 2 часа, мешајќи од време на време и додавајќи ја преостанатата пилешка супа за да не се исуши сосот.

Тргнете го сосот од оган и послужете го болоњезето со свежо сварените таљатели.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag