Направете го овој едноставен трик пред да одите во продавница: Штеди пари и помага да ја одржите линијата!

popara5 јуни, 20241min00
1705735515-shopping-879498_1280-750x500

Дали сакате да трошите помалку, а можеби и да изгубите тежина? Добри вести – можете да ги комбинирате двете цели и да ги максимизирате заедно.

Во повеќето случаи се храниме нездраво затоа што во домот чуваме нездрава храна, како што се грицки, газирани пијалоци и слично. Истражувањата покажаа дека можеме да одолееме на купување нездрава храна ако го направиме следново пред да одиме во продавница, пишува Inside Science.

Купувачите кои јадат здрави грицки пред да се упатат во самопослуга избираат поздрави опции кога ќе се најдат помеѓу полиците на супермаркетите. Ова е заклучокот од студијата спроведена под водство на др. Анера Тала од списанието Food and Brand Lab in Psychology & Marketing.

Испитаниците биле поделени во три групи: едната јадела парче јаболко пред да оди во самопослуга, другата бисквит, а третата отишла на празен стомак. Истражувачите откриле дека оние што јадат јаболка купуваат 28 отсто повеќе зеленчук и овошје од оние што јадат бисквити и 25 отсто повеќе од оние што не јаделе ништо.

Слични резултати добија и истражувачите од друга студија кои на клиентите им дадоа чаша чоколадно млеко пред да одат во продавница. На едната група и рекле дека тоа е полномасно и здраво млеко, а на другата дека е декадентен пијалок. Оние кои мислеле дека пијат нешто здраво, избрале и поздрава храна во продавницата.

„Што и да ве насочува кон поздраво размислување, без разлика дали се работи за здрава храна или нешто друго, може да влијае на вашите одлуки при купувањето“, заклучува др. Тал. Токму затоа, доколку сакате да се заштитите од нездрави производи во вашиот дом, пред да одите во продавница, изедете парче овошје или зеленчук, советуваат експертите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag