Направете го овој природен спреј и избегнувајте пеглање на високи температури

popara12 јули, 20241min00
Направете го овој природен спреј и избегнувајте пеглање на високи температури

Во оваа жештина, повеќето активности се тешки за правење, особено пеглањето облека.

Наместо пегла, можете лесно да подготвите спреј дома.

Состојки:

– две чаши вода

– лажица алкохолен оцет кој ќе го омекне текстилот

– лажица мелем за коса кој едноставно го омекнува материјалот и го исправа

Само треба да ги измешате овие состојки во шише со распрскувач. После тоа, ставете ја облеката на закачалката и испрскајте го спрејот врз нив.

За неколку минути облеката ќе се опушти и ќе стане рамна.

Овој трик ве спасува од пеглање, активност која деновиве е донекаде невозможна.

Покрај тоа што облеката на овој начин ќе биде рамна, и убаво ќе мириса, исто така овој трик можете да го искористите за работи кои само треба да се освежат.

Оставете ја облеката да се исуши на топлина, но не на директна сончева светлина, бидејќи УВ зраците може да ја оштетат ткаенината.

Наместо тоа, закачете ја облеката на прозорец, врата или закачалка, на место каде што протокот на воздух е стабилен, пренесува 24sata.hr.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma