Третманот со кератин е популарен кај жените, бидејќи ја храни косата, а во исто време ја исправа, а фенирањето не е потребно. Овој ефект можете да го постигнете дома, не мора да плаќате многу пари на фризер.
Косата ќе биде мека и сјајна
Благодарение на кератинот, оштетената и сува коса добива сјај и волумен, а одржувањето е многу полесно, бидејќи не мора да се фенира. Тоа значи дека не се користат други производи за коса, што го спречува оштетувањето на косата и ви заштедува пари. Направете домашен кератин. Тоа е многу поедноставна и поевтина варијанта, која го има истиот ефект на косата, единствено е што не трае толку долго како кога се во прашање третманите во салоните.
Како се прави?
Во тенџере ставете 250 мл вода и две лажици пченкарно брашно. Кога ќе зоврие, мешајте на тивок оган додека не се згусне. Додадете една лажица бебешко масло и измешајте во еднолична смеса. Оставете го да се излади, а потоа распоредете го по целата коса. Држете го како маска 20 минути, а потоа измијте ја косата со шампон како и обично. После тоа, вашата коса ќе биде мека и сјајна и полесна за стилизирање.