Направете оревовка по оригинален рецепт! Уникатен ликер направен од млади ореви

popara7 мај, 20241min00
ЛИКЕР ОД ОРЕВИ

Оревовка е традиционален домашен пијалок направен од млади зелени ореви и ракија.

Еве како сами да направите ликер од ореви:

Состојки:
-40 зелени ореви
-1 кг шеќер или 1 кг мед
-1 л ракија

Подготовка:
Оревите измијте ги,направете им мал рез со нож или избоцкајте ги со вилушка, ставете ги во голема тегла.

Посипете ги со шеќер или мед, прелијте ги со ракија, покријте ги со крпа и ставете ги на тераса на сончево место 40 дена.

Повремено протресете ја теглата нежно за да се раствори шеќерот или медот

. По 40 дена се цеди и се претура во шишиња.

Консумирајте по месец-два кога малку ќе се отстои.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma