НАПРАВЕТЕ ПРИРОДЕН СПРЕЈ ПРОТИВ КРЛЕЖИ: Испрскајте ја целата облека и ТИЕ ЌЕ БЕГААТ ОД ВАС!

popara11 април, 20241min00
Screenshot_2

Со доаѓањето на топлите температури, сѐ повеќе време поминуваме во природа, уживајќи во свежиот воздух и надворешните активности. Но, уживањето може да ни го нарушат крлежите, паразити кои се хранат со крвта на животните и човекот. Тие може да пренесат заразни болести, вклучувајќи ги и оние кои се заеднички и за луѓето и за животните.

 

 

 

За да спречите крлежите да ви се завлечат под кожата, самите можете да направите природен спреј против овие паразити што се нанесува на облеката. Рецептот го осмислил ароматерапевтот Саша Радуловиќ, кој ја испробал неговата делотворност.

 

Потребни состојки:

  • 50 капки цитронелово етерично масло
  • 50 капки етерично масло од лимонов еукалиптус
  • 50 капки пачулово етерично масло
  • 100 милилитри 70% алкохол етанол или хидролит смил

 

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во шише со спреј пумпа, добро протресете ги и испрскајте ја облеката.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag