Направете сами ЗЕЛЕНА маска за подмладување: Со помош на неколку состојки кожата ќе ви биде позатегната

popara10 мај, 20241min00
Vrat-2048x1432

Користете ја еднаш или двапати неделно

Пред да ја направите и нанесете оваа маска, препорачливо е да направите пилинг на лицето. Можете да направите пилинг со мешање мед и шеќер, а потоа тријте го со лесни движења и исплакнете по неколку минути.

После тоа, направете маска со состојки кои сите ги имаме во кујната:

200 гр спанаќ

200 гр зелен кељ

1/4 чаша екстра девствено маслиново масло

1/4 чаша кисела павлака

Подготовка:

Сварете ги кратко кељот и спанаќот, па процедете ги и додадете ги во блендер.

Потоа додадете ги маслиновото масло и павлаката, па сè изблендирајте.

Нанесете ја маската на лицето и вратот. Наместо да ги користите прстите, маската можете да ја нанесете со четка или шпатула. Се препорачува да се држи околу 8 минути, а потоа да се измие со млака вода. Но, пред крајот на миењето треба да се измиете со ладна вода за да ги затворите порите.

Користете еднаш до двапати неделно.

Лутеинот, витаминот Е и млечната киселина се состојки кои обезбедуваат одлично подмладувачко дејство. Лутеинот, кој се наоѓа во зелениот зеленчук, е ефикасен во борбата против слободните радикали и други фотооштетувања на кожата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag