Направете сами средство за бришење прашина: Измешајте ги овие состојки

popara3 август, 20241min00
Screenshot_1

Бришењето прашина во домот за многумина е предизвик бидејќи одзема многу време и енергија. Токму затоа е важно редовното чистење на домот.

 

 

 

За детално да ја избришете прашината, најпрвин мора да ги отстраните сите предмети од полиците, па да го пребришете секој предмет одделно и да го вратите на место.

 

Малку заморно, нели? Можеби и не толку колку што е моментот кога ќе погледнете како на штотуку пребришаната површина повторно има насобрано прашина.

 

 

За среќа, постои решение за ова, спреј кој може да го направите дома.

 

Потребни состојки:

 

-половина лажичка маслиново масло

-половина кафена шолја вода

-неколку капки детергент за миење садови

-1 лажичка алкохолен оцет

-10 капки етерично масло од лимон

 

Во сад ставете ги сите состојки и добро измешајте ги. Течноста што ќе ја добиете префрлете ја во сад со распрскувач. Спрејот испрскајте го на чиста крпа од микрофибер и пребришете ја саканата површина.

 

Благодарение на ова домашно средство за чистење поретко ќе бришете прашина и подолго ќе уживате во чистотата на вашиот дом.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag