Доколку внимавате на исхраната и сте голем љубител на слатки, тогаш пробајте го овој здрав десерт кој ќе го задоволи вашето слатко, а нема да се чувствувате виновни затоа што сепак сте изеле здрав оброк.
За подготовка на овој убав и здрав десерт ќе ви бидат потребни околу 15 минути, а количината на состојки е идеална за две лица.
-Состојки:
-1 шолја бадемово или овесно млеко
-1 банана
-1 лажичка цимет
-1 лажичка ленено семе
-2 урми без семки
-1 лажица чиа семе
-грст бобинки (може и да се замрзнати)
Подготовка:
Сите состојки освен чиа семето ставете ги во блендер додека не добиете смеса слична на пире. Истурете ја смесата во сад или чаша и додадете чиа семе и убаво измешајте. Ставете го во фрижидер неколку часа, по можност преку ноќ. Наутро извадете го пудингот од фрижидер, измешајте го и одозгора додајте неколку бобинки по желба кои претходно сте ги одмрзнале.