Ова е наједноставниот средство што можете да го направите против комарци.
Покрај тоа што е ефикасен и ги одбива комарците, тој е сосема природен и состојките ви се достапни.
ЈАБОБОВ ОЦЕТ И ЕСЕНЦИЈАЛНО МАСЛО РУЗМАРИ
Во шише од 100 ml истурете 50 ml јаболков оцет, а потоа додадете 50 ml вода. Убаво протресете ја течноста и потоа додадете 12 капки есенцијално масло од рузмарин.
Убаво протресете ги состојките уште еднаш. Нанесете пред да излезете во природа.
Етеричното масло од рузмарин е широко употребувано во козметиката, а е вклучено во бројни препарати за чистење и затегнување на кожата, заздравување на рани и ублажување на воспаленија, против опаѓање и за поттикнување на растот на косата.
Во ароматерапијата се користи како одличен стимуланс за концентрација и меморија, против замор, стрес и главобо лки, за поттикнување апетит и варење. Можете да го најдете во многу продавници за здрава храна.
Ако не сте нашле масло од рузмарин, добрата работа е што истото можете да го направите и со свеж рузмарин.
Едноставно додадете го во растворот со оцет и вода.