Напуштен трговски центар претворен во модерен комплекс со станови за изнајмување? Зошто да не!

popara29 септември, 20244min00
62897312-soping-centar-grand-avenue-mall-milwaukee-sad

Соединетите Американски Држави се полни со трговски центри за духови. Станува збор за напуштени трговски центри со огромна квадратура кои се празни низ американските градови бидејќи не можат да привлечат потрошувачи под нивниот покрив.

Со оглед на тоа дека сè поголем број Американци попрво би го купиле саканиот артикл преку Интернет, отколку физички да одат до продавница – тие се почесто се затвораат.

Наместо деловните простории во трговските центри да собираат прашина и влага, градежните претприемачи решија да ги пренаменат во станбени единици, кои секогаш се дефицитарни во големите градски центри.

Поранешниот трговски центар Grand Avenue Mall во центарот на Милвоки во американската сојузна држава Висконсин, на пример, е трансформиран во модерен станбен комплекс под името Plankinton Clover.

Името го добил по влијателниот американски бизнисмен Џон Планкинтон, кој одиграл важна улога во развојот на Милвоки, а чија статуа се уште се наоѓа во фоајето на овој трговски и станбен комплекс.

Овој гигант од метал и бетон порано вклучувал околу 80 продавници на околу 35.000 квадратни метри простор на авенијата Висконсин. Сега, добар дел од тој простор е пренаменет во станови за издавање со големина од 60 до 95 метри квадратни.

Становите во Планкинтон Кловер се со високи тавани, опремени се со модерен мебел, а се изнајмуваат по цена од 1.290 до 2.100 евра месечно.

Во станбениот блок можете да најдете комунални игралишта, теретана со соблекувални, голем паркинг, складиште за велосипеди, салон за миленичиња и слични корисни содржини – вклучувајќи неколку ресторани и супермаркет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag