Нарачување кафе во Италија – и грешки кои Италијанците тешко ги простуваат

popara18 ноември, 20241min00
Mediterranean,Breakfast,,Cup,Of,Coffee,And,Fresh,Bread,On,A

Кафето е еден од најпопуларните пијалоци во светот, кој луѓето од овие простори добро го познаваат, но некаде се сфаќа уште посериозно.

За Италијанците подготовката и уживањето во кафето е начин на живот, но во зависност од делот на земјата во која живеат или од каде доаѓаат, се разликуваат и навиките. Дваесет региони и повеќе од 8.000 градови расфрлани низ целата земја се карактеризираат со бројни разлики, пишува Punkufer.

Кафето во Венеција е генерално полно со вкус и ароматично, со примеси на ориентална ванила. Во Милано е лесно и нежно, а во Пиемонт и Лигурија е поробусно.

Ако се најдете во Трст и сакате еспресо во кафуле, магичниот збор е „неро“, а „капо“ е макијато, односно еспресо со малку млечна пена. Марокиното, кое се пие во Милано, се карактеризира со додавање на какао, кое се додава во еспресото со млеко.

Во Торино се нарекува бицерин, а во Апулија се нарачува еспресо. Во Неапол посебно се цени еспресото, а најпосакуваното е кратко и јако. Нарачајте „Espresso con panna“ доколку сакате еспресо со шлаг.

За да нарачате кафе како Италијанец, треба да запомните дека кафињата со млеко, како што се капучино, лате и макијато, се резервирани за утринските часови, а доколку ги нарачате попладне, може да предизвикате дури и потсмев, тоа е малку потешко да го простат, но разбираат дека сте турист. Исто така, ваквите кафиња не треба да се пијат после оброк.

Италијанците уживаат во своето еспресо брзо, многу често од нозе, а ако одлучите да седнете, ќе платите повеќе за тоа. Ристрето е пократко од еспресото, а лунго или американо се подолги.

Треба да се има на ум дека американо сепак не е толку благо како американското кафе, а исто така има значително помалку вода по количина на кафе. За побрзо да се разбдуите по непроспиената ноќ, ќе ви помогне едно „doppio“, односно двојно еспресо.

Лате макијато е млеко во кое се додава еспресо, а за подготовка се користат истите состојки како и за кафе лате, но нивниот изглед е различен.

Лате макијато треба да се сервира во висока чаша и да се подготви така што различните слоеви се јасно видливи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag