Научниците долго време се обидуваа да разберат како се создава доверба помеѓу кучето и човекот.
Но, очигледно конечно најдоа одговор на ова прашање. Една неодамнешна студија спроведена на Универзитетот во Хелсинки покажа дека кучињата ги следат изразите на лицето на нивниот сопственик и соодветно реагираат.
Според резултатите од студијата, хормонот окситоцин игра голема улога во интеракцијата помеѓу кучињата и луѓето. Љубезноста и довербата се стекнуваат многу едноставно – само со насмевка, што создава ослободување на љубовниот хормон – окситоцин.
За да ја потврдат својата теорија, истражувачите спроведоа експеримент. На група кучиња им биле покажани фотографии од насмеани и лути лица. Реакцијата на кучето била измерена со помош на монитор за очи. Како што можете да разберете, лутите луѓе предизвикувале непријатни емоции и кучињата се подготвувале да нападнат, додека насмеаните лица на луѓето предизвикувале пријатни емоции и кучињата се чувствувале удобно и безбедно.
Имајќи го ова на ум, најдоброто нешто што можете да го направите за вашето куче е да се насмевнете секогаш кога ќе го погледнете. Во ваша близина кучето ќе се чувствува многу побезбедно и поопуштено, а вие побрзо ќе создадете близок, пријателски однос.