Научниците открија дека ова е идеалната разлика во години помеѓу партнерите

popara12 октомври, 20241min00
Screenshot_10

Дали годините навистина се неважни кога станува збор за љубовта?

 

 

 

 

Повеќето луѓе стапуваат во контакт со некој кој е само неколку години помлад или постар од нив, но има и луѓе кои не придаваат значење на годините, туку на разбирањето и усогласувањето со одредена личност.

 

Сигурно сте забележале пар на прошетка каде разликата е очигледна и сте се запрашале како е можно луѓето кои припаѓаат на две сосема различни генерации добро да функционираат.

 

На многумина не им е јасно и не можат да разберат дека љубовта и добрите врски се можни дури и кога разликата е десет или повеќе години. Дали партнерите меѓу кои разликата е голема, се посреќни од оние меѓу кои разликата е година, две или се на иста возраст?

 

Пред неколку години, експерти од Универзитетот Емори во Атланта спроведоа студија која математички ја утврди совршената разлика во годините меѓу партнерите. Истражувањата покажаа дека постојат одредени врски помеѓу среќата во бракот и разликите во возраста.

 

Во истражувањето учествувале 3.000 луѓе, од кои сите биле во брак барем еднаш. Резултатите покажале дека веројатноста за развод е поголема, колку што е поголема разликата во годините меѓу партнерите.

 

Резултатите покажуваат дека паровите со разлика поголема од пет години се разведуваат во 18 проценти од случаите, оние со 10 години разлика во 30 проценти од случаите, додека проценетата веројатност за развод е дури 95 проценти, кај парови со разлика од дваесет или повеќе години.

 

Покрај возраста, во истражувањето биле вклучени и други фактори како заедничко потомство и деца од претходни бракови, образование, потрошени пари и слично.

 

Научниците откриле дека идеалната разлика во годините меѓу партнерите е само една година. На оваа разлика во години и биле дадени само 3 проценти шанси за развод.

 

Секако, кога станува збор за меѓучовечките односи, тоа не треба да се генерализира. Сигурно има среќни парови со поголема разлика во годините меѓу сопружниците.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag