Научниците открија како да препознаат лажен мед без да ја отворат теглата

popara16 септември, 20241min00
1638948626-benyamin-bohlouli-Rcj302Npzis-unsplash-750x500

Многу е тешко да се откријат лажни производи бидејќи карактеристиките на медот варираат поради изворот на нектар, сезоната на берба и географските разлики. Се зголемуваат напорите за борба против фалсификуваните производи.

Научниците од Универзитетот Кранфилд во Обединетото Кралство успешно тестираа нови методи за утврдување на автентичноста на медот, со што го отворија патот за брзо и прецизно тестирање, пренесува Агроклуб.

Скоро половина медови се – лажни

Медот, посочуваат, често се фалсификува со додавање на евтини шеќерни сирупи. Како што наведуваат, извештајот на Европската комисија од 2023 година покажал дека 46% од 147 тестирани примероци веројатно биле измешани со евтини билни сирупи.

Имено, многу е тешко да се откријат лажни производи бидејќи карактеристиките на медот се разликуваат поради изворот на нектарот, сезоната на берба и географските разлики. Методите за автентикација, објаснуваат тие, се скапи и одземаат многу време. Затоа, постои зголемена потреба за доверливо тестирање и усвојување на нови правила за борба против измамата.

Без отворање на теглата

Истражувачки проект предводен од д-р Марија Анастасијади од Универзитетот Кранфилд, во соработка со Агенцијата за стандарди за храна и Советот за наука и технологија, користеше специјализирана техника за анализа на светлина за откривање на лажен мед без да се отвори теглата.

Примероците од мед од Обединетото Кралство, збогатени со сирупи од ориз и шеќерна репка, беа тестирани со неинвазивна техника на Раман спектроскопија. Прво беше развиен за фармацевтска и безбедносна дијагностика и се покажа како многу прецизен во откривањето на шеќерни сирупи во оваа храна. Научниците го комбинираа SORS со машинско учење за успешно да ги идентификуваат шеќерните сирупи од различни растителни извори.

„Медот е скап и баран – и може да биде мета на измамници, како резултат на што вистинските производители го губат својот профит, се нарушува довербата на потрошувачите. Овој метод е ефикасен и е брза алатка за идентификација на сомнителни примероци, што и помага на индустријата да ги заштити потрошувачите и да ги потврди синџирите на снабдување“, објасни д-р Анастасијади.

Оваа алатка е пренослива и лесна за имплементација, што ја прави идеална за тестирање долж синџирот на снабдување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag