Научниците предлагаат едноставна активност која придонесува за слабеење

popara27 октомври, 20241min00
1665788046-shutterstock_1511193089-750x500

Одење е една од наједноставните и во исто време најефективните вежби. Докажано е дека го подобрува физичкото и менталното здравје.

Редовните прошетки можат да го подобрат кардиоваскуларното здравје, да ги зајакнат мускулите и да го подобрат расположението.

Често мислиме дека долгите прошетки се најдобриот начин да ги постигнеме овие придобивки. Сепак, новото истражување сугерира дека кратки, чести прошетки во текот на денот – „микропрошетки“ – всушност може да бидат уште покорисни.

Една нова студија наведува дека микро прошетките може да се опишат како одење од 10 до 30 секунди, со паузи помеѓу секоја прошетка.

Истражувањето покажало дека луѓето кои оделе пократко трошат околу 60 отсто повеќе енергија во споредба со оние кои оделе подолго.

Дали микро прошетките се подобри за здравјето од подолгите прошетки?

Во оваа студија, волонтерите одеа на лента за трчање или користеа скали, во различно времетраење, од десет секунди до четири минути. Тие носеа маски за мерење на внесот на кислород, кој се користеше за одредување на потрошувачката на енергија или калории.

Иако поминаа исто растојание, пократките прошетки трошеа до 60 проценти повеќе енергија од подолгите.

Диететичарот Алберт Матени за магазинот Women’s Health објасни:

„Генерално, подобро е луѓето да се движат преку ден. Подобро е за циркулацијата, менталното здравје, па дури и за варењето“.

Тој заклучил дека луѓето имаат тенденција да одат со побрзо темпо за време на кратки прошетки отколку на долги.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag