Научно потврдено: Кафето има најдобар ефект во овој период од денот!

popara20 мај, 20241min00
image_2024-05-20_112422731

Иако се чини дека е најдобро да се напиете шолја кафе веднаш штом ќе се разбудите, сепак има подобро време да го испиете овој пијалок доколку сакате да ги искористите сите придобивки што ги нуди.

Шолја кафе не треба да се пие веднаш штом ќе станете од креветот, туку еден час по будењето. Во тој момент производството на кортизол во организмот е на еден од трите пикови во текот на денот, покажаа резултатите од клиничката студија.

Кортизолот вообичаено се смета за „хормон на стрес“ бидејќи се лачи во поголеми количини кога чувствуваме стрес или напнатост во околности за кои сметаме дека се тешки. Но, кортизолот може да се смета и за „хормон на будност“, бидејќи причината поради која телото произведува повеќе кортизол кога сме под стрес е да не разбуди и да бидеме внимателни.

Конзумирањето кофеин додека производството на кортизол во телото е на својот врв, го учи телото да произведува помалку кортизол, според хронофармаколозите кои го проучуваат начинот на кој состојките на лекот, како што е кофеинот, влијаат на природните биолошки ритми на нашето тело.

Ова не само што го поткопува ефектот на кофеинот, туку ја намалува и способноста на будење што ја има кортизолот. Покрај тоа, може да придонесе за развој на толеранција на кафе, што значи дека ни треба се повеќе кафе за да ги постигнеме истите ефекти.

Така, за целосно да ги искористите ефектите што ги нуди кафето, првата шолја испијте ја еден час по будењето, пишува The Healthy.

Вториот врв на производство на кортизол е околу 13 часот, а потоа околу 17 часот, така што можете да го испиете вашето следно кафе во едно од тие времиња.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma