Нежен или силен допир, испреплетени прсти или дланка со дланка…
Овие ситници откриваат детали за вашата врска кои можеби не сте ги знаеле. Секој пар си има своја посебна приказна. И додека уживате да се држите за раце со својот партнер, дали некогаш сте се запрашале што тоа зборува за вашата врска.
Дланка кон дланка
Ако сте еден од оние парови кои се држат вака за раце вашата врска се базира повеќе на љубов отколку на страсти.
Оној кој ја поставува дланката надолу има посилна личност, често презема иницијатива и е одлучен.Во овој случај симболиката е баш таква каква што изгледа – оној чија рака е одозгора, тој има слична, доминантна позиција и во врската.
Држење на раката на партнерот со двете раце
Иако делува така, овој вид на држење за рака укажува на тоа дека меѓу вас станува сериозно. Сепак, ова не мора секогаш да биде добар знак, затоа што може да значи дека се претворате во луд и посесивен партнер.
Држење за прст
Оваа положба симболизира дека партнерите ја цената својата независност. Овие парови знаат како да се почитуваат едни со други, го ценат просторот на партнерот и приватноста.
Меѓутоа, овој начин на држење на рацете е честа појава во време кога двојките поминуваат низ тежок период и може да укажува на тоа дека еден од партнерите сака да се повлече од врската.
Подршка со другата рака
Ова е многу повеќе од просто држење за раце. Овде контактот се пренесува на целото тело, делува заштитнички, а улогата на заштитник ја има партнерот чија рака е онаа која другиот ја држи со двете раце.
Преплетени прсти
Паровите кои ја практикуваат оваа положба сакаат секогаш да бидат еден до друг. Поврзани се преку физичка привлечност, но и многу подлабоко. Немаат проблем со тоа да ја покажат ранливоста пред партнерот.
Без држење за раце
Ако вашиот партнер избегнува да ве држи за рака тоа може да значи дека не е доволно заинтересиран за вас.
Меѓутоа, ова можа да биде знак и дека вашиот партнер е срамежлив, и сака одредено ниво на приватност на вашата врска. Немојте да носите избрзани одлуки и обрнете внимание на другите знаци во вашата врска, бидејќи веројатно немате потреба да се грижите.