Најатрактивните бои за коса што мора да ги испробате оваа есен!

popara12 октомври, 20241min00
Screenshot_2

Новата сезона значи нова можност да ја смените бојата на коса и да пробате поразличен изглед од претходниот.

 

 

 

Доколку сте подготвени да експериментирате со посветли или потемни нијанси на боја за коса и се прашувате која боја ќе биде во тренд оваа есен, продолжете да го читате овој текст.

 

Да ве потсетиме, никогаш не треба да се чувствувате принудени да ги следите трендовите, туку ова е само предлог којшто можеби ќе ви послужи како„beauty“ инспирација во деновите по 40-та година од животот.

 

3 трендови на боја за коса за есен 2023 која речиси на сите им прилега:

 

  1. Бринета со златен отсјај

 

Позната и како димензионална бринета, оваа нијанса на златна боја за коса додава топлина и богатство и може да се употреби на многу тенови на кожа. Може да додадете и неколку карамел или потемни тонови на косата и да ги приспособите така што ќе ги истакне вашите очи.

 

  1. Црвена

 

Црвената не е боја, тоа е спектар којшто се состои од нијанси кои се разновидни, од „strawberry blonde“, до „cherry cole“ и нешто помеѓу. Не е невообичаено црвената боја за коса да се појави кога температурите се намалуваат, таа дефинитивно е еден од есенските фаворити. Но, сезонава може да очекувате дека ќе доминираат различни нијанси на црвена боја, вклучувајќи и портокалови тонови и потемни, односно бордо тонови.

 

Доколку ве интересира црвената боја, една од најтоплите бои која сега може да се проба е бакарната, која може да ја видите на ѕвездите како Меган Фокс и Кендал Џенер.

 

  1. Руса

 

Доколку имате руса коса и сакате да најдете нова нијанса на вашата омилена боја, додадете неколку топли прамени за да создадете „путер-руса“ боја на коса. Оваа нијанса може да ја направи вашата руса боја на коса уште посветла, но и полесна за одржување. Ја носат познатите личности како што се Кејт Хадсон и Рита Ора. бои за коса што мора да ги испробате оваа есен! (ФОТО)

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag