Со едноставна процедура месото може да се одмрзне за помалку од еден час.
Сакате да подготвите оброк со месо од замрзнувач? Сигурно сте се нашле во ситуација кога претходно сте заборавиле да го извадите месото за да го одмрзнете за да бидете подготвено за спремање на храната. Постои брзо решение.
Брзо одмрзнување на месото
Во такви ситуации, можете да го користите методот на ладна вода.
Ова е најдобриот начин за брзо и правилно одмрзнување на месото без микробранова печка. Замрзнатото парче месо ставете го во пластична кеса и истиснете што повеќе воздух. Наполнете голем сад со ладна вода и потопете ја кесата во вода. Се проценува дека парче месо од околу 500 грама може да се одмрзне во рок од еден час, само внимавајте водата да остане ладна цело време.
Откако ќе го одмрзнете месото, не се препорачува повторно замрзнување.