Најдобриот трик на светот: Ако сте го заборавиле клучот, искористете ја оваа ситница од новчаникот

popara7 април, 20241min00
83364_screenshot-2024-04-06-141610_f

Деновиве многу луѓе го обвинуваат ретроградниот Меркур за тоа колку забораваат, но не е само тој виновен – многу луѓе ги губат клучевите од куќата и потоа имаат проблем како да влезат во неа.

Корисникот на Tiktok по име Хорхе Валензуела објави видео од она што тој го опиша како „најдобриот хак на светот“, за кој тврди дека ќе ви овозможи да влезете во вашата куќа „многу брзо, без да ги кршите прозорците, со помош на паричка.“

Виралното видео кое досега има над 85 милиони прегледи е наречено „el mejor hack del mundo“, што во превод значи „најдобриот хак на светот“. Тој им покажува на гледачите како можат да влезат во нивниот дом дури и ако ги загубат клучевите, со помош на паричка. Сепак, изгледа дека тоа не е единственото нешто што можеби ќе ви треба во таква ситуација. Се што ви треба е ножици и пластика што можете да ги исечете.

На видеото се гледа како Хорхе држи фотографија од клуч и паричка на својот мобилен телефон за да ја стави истата монета на екранот на мобилниот и да ја прицврсти со лента. Потоа ја скалира фотографијата да биде со иста големина како паричката и со молив ја следи контурата на клучот на лентата. Потоа ја вади лентата од екранот, ја залепува за пластиката и според таа шема го сече клучот со ножици.

@jorgevalenzuelam

Responder a @jadddden_q listo 2da parte, mira el video completo en mi IGtv #jorgevalenzuelam #lock #hack

♬ sonido original – Jorge valenzuela

Така, тој доби пластичен клуч кој по форма и големина одговара на оригиналниот клуч. Сега, тој клуч е премногу мек за да се заврти во бравата и да се отклучи вратата, па во друго видео, кое исто така е вирално со девет милиони прегледи, Хорхе покажува како, откако пластичниот клуч е целосно вметнат во бравата, го користи врвот на еден пар ножици за да го стартува механизмот и ја отвори вратата.

Неговите видеа собраа вкупно повеќе од 60 милиони прегледи, а трикот, логично, ги подели мислењата. Многумина сметаа дека тоа е премногу работа и предмети што треба да бидат при рака во моментот кога ќе се изгуби клучот, пренесува Newsweek.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag