Најдобрите пози и реквизити за “жешка акција” под вода

popara16 август, 20241min00
Screenshot_5

Во длабокото како алатка користете душек на дување, иако тука полесно ќе ви биде да имате само орален секс. Во плиткото секако испробајте ја позата “морско коњче”

 

 

 

 

Сексот во море за многумина е една од најпосакуваните еротски фантазии, но за ова сценарио потребно е и некое предзнаење за изведливите пози кои ваквата авантура ќе ја направат возбудлива и незаборавна, пренесува The Examiner.

 

Чувството на адреналин поради можноста дека ќе бидете “фатени на дело”, близината на голите тела и чувството на бестежинска состојба во вода, секако, ја прават идејата за секс во вода прилично атрактивна. Сепак, не заборавајте дека водата не ви обезбедува никаква заштита од бременост или сексуално преносливи болести, а кондомот исто така не е пожелен бидејќи може да се оштети од солта, па осигурајте се со алтернативна контрацепција.

 

Секс во море – Имајте на ум дека морската вода помага во измивањето на природниот лубрикант, односно влажноста на вагината, па почекајте со чинот додека партнерката не е многу возбудена за да се намали болката.

 

Во плитко – Доколку сте на затскриена плажа, обидете се да имате секс во вода која ви достигнува до градниот кош, така што мажот може да продолжи да стои, додека жената го прицврстува со нозете додека ја држи за задникот. Подигнувањето и спуштањето на нејзините нозе, како и брановите ќе го менуваат аголот на пенетрација, што придонесува за возбудата.

 

Поза морско коњче – Доколку сте во најплиткото каде што водата не ви достигнува ни до колената, идеалната поза е онаа во која е девојката горе. Машкото треба да легне на грб и да се подигне на подлактиците, додека партнерката може да ја заземе позата “каубојка” но со грбот свртена кон неговото лице, а со нозете на дното на морето.

 

Поза “во прегратка” – Партнерот треба да седне на морското дно додека партнерката седнува врз него и го опфаќа со нозете во прегратка. Во оваа поза поддршката е многу добра па ќе ви пружи максимално уживање, а ги остава слободни рацете на двајцата партнери така што може дополнително да се стимулираат. Сепак, припазете на дното да нема морски ежиња или остри камчиња.

 

Со душек на дување како помагало – Доколку имате душек на дување можете да се оддалечите од брегот и да уживате во поголема дискреција, додека тој ќе ви послужи како кревет. Партнерката треба да легне на стомак со лицето надолу, така што нозете половично и’ се во вода, а задникот на самиот раб од душекот. Партнерот приоѓа од позади и го диктира темпото поместувајќи го душекот. Доколку оваа поза ви е тешко изводливо, секогаш можете да уживате во орален секс на сред море.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma