„Што ако се посрамотам?“ Кај голем број луѓе што немаат големо сексуално искуство постои страв од тоа како ќе се покажат во акција и како ќе изгледаат пред партнерот.
Сепак, нема потреба веднаш од „старт“ да се фатите за некои акробатски секс пози за да се покажете во најдобро светло. Во продолжение погледнете шест „класични“ секс пози што ќе ви овозможат да уживате во интимниот чин, без да стравувате дека нешто ќе згрешите.
Мисионерска поза
Оваа секс-поза е класика, но со мали измени, како промена на аголот на нозете или поместување на колковите можете постепено да почнете да „ги зачинувате“ работите и да осознаете што е она што вам особено ви се допаѓа.
Каубојка
Уште една класична секс-поза во која партнерката е горе, а дозволува размена на бакнежи и нежност.
Во оваа секс-поза партнерката е таа што има контрола врз брзината и длабочината на пенетрацијата, така што таа ќе може да „доминира“ и да покаже што е она што ѝ се допаѓа во интимните мигови.
Помошник на каубојка
Ова е слична поза како класичната „каубојка“ со тоа што партнерот од долу ја држи партнерката за колковите или за половината и тој ѝ помага да го забрза или да го забави темпото и да ја продлабочи пенетрацијата.
Лажица
Се смета дека ова е најдобрата поза за утрински секс. Овозможува блиски и интимни допири со партнерот, аголот на пенетрација е солиден, а ќе можете да уживате во прегратките и меѓусебната топлина додека сте интимни.
Пегла
Оваа секс поза во голема мера потсетува на кучешката со тоа што партнерката е легната со лицето надолу и со исправени нозе, а благо поткренати колкови. Оваа поза овозможува да се опуштите и да уживате.
Партнерката може да се обиде да мрда со колковите за да му овозможи дополнително уживање на партнерот.
Лице во лице
Партнерот седнува на кревет или на столче, а партнерката му седнува во скут, лице во лице. Со оваа поза сте мошне блиску еден со друг, а партнерката го има главниот збор.
Дополнително, тоа што седите ќе ви овозможи да не се уморите премногу и задоволството да трае подолго.