Покрај многу студии научниците се обидуваат да дојдат до крајниот заклучок дали е подобро порано или подоцна да се појадува или пак е здраво да се прескокне оброкот.
За многумина појадокот е најважниот оброк во денот. Според некои нутриционисти, ако се прескокне, последично може да дојде до појава на големи здравствени проблеми. Но, сега се појави нова теорија поврзана со појадокот. Некои сметаат дека првиот оброк во денот треба да биде што подоцна, со аргументи дека ваквиот начин на исхрана ќе придонесе за бројни здравствени придобивки.
Што велат досегашните истражувања? Студија од 1999 година објавена во Physiological Behavior открива дека оние кои не појадувале до пладне биле исцрпени и со значително полоша меморија. Студија од 2013 година утврди дека деца помали од 13 години кои не појадуваат имаат полош успех на училиште отколку децата кои рано појадуваат.
Студија објавена во Appetite покажа дека изостанокот на појадок е поврзан со депресија, а студија од 2013 година откри дека луѓето кои појадуваат подобро ги искористуваат хранливите материи и имаат поразвиени когнитивни функции.
Нутриционистите порачуваат за појадок да се консумираат повеќе протеини, според Керолин Браун, најдобро е да се појадува најдоцно до 10 часот наутро. Ако појадувате подоцна, нивото на шеќерот во крвта може драстично да опадне што доведува до исцрпеност.